речник контакт

Недела на борба против гладот 16-22 октомври „Помислете и на нас“

На штанд се делеа рачни изработки а минувачите донираа пари

Петар Печков

Како дел од Кампањата во рамки на „Неделата за борба против гладот“, волонтерите од Клубот на млади при  ОО Црвен крст  Велес поставија хуманитарен штанд. Таму велешани и минувачите можеа да добијат рачни изработки, и да донираат пари.  

„На штандот  имаше вредносни бонови од 20 денари, но и рачни изработки, симболични подароци со мотивациски пораки, кои претходно на работилница ги изработија младите волонтери. Средствата кои денеска ги донираа граѓаните ќе се искористат за набавка на хуманитарни пакети кои ќе се поделат на семејства и лица кои живеат во социјален ризик“ - кажа Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.

Денешната активност  се реализираше  под мотото „Помислете и на нас“.

Неделата за борба против гладот  секоја година се реализира во периодот од 16-ти до 22-ри октомври.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »