речник контакт

Недела на езеро Младост врвен спортски настан Европски куп во далечинско пливање

Сабота е финалето на националниот куп во далечинско пливање и трката на аматери

Петар Печков

Викендов езерото Младост  и Велес ќе бидат домаќини на спортски настан од Европски дострел. Во  недела на патеката на езерото ќе се плива Европскиот куп во далечинско пливање, пета трка од шесте предвидени.

Стартот е во 11ч. а досега се пријавени 30-тина пливачи во женска -14  и машка конкуренција 17 пливачи. Тие ќе пливаат на 10 км. а разликата во стартот меѓу мажите и жените ќе биде 10 минути. Патеката е во должина од 1,666 км и ќе се плива 6 круга. Стартот и целта се од пред хотел Романтик.

„Годинава се одржува 10 јубилеен велешки пливачки маратон. Тој ја потврдува нашата посветеност за спортот и здравиот начин на живот, го прикажува и спортскиот дух на градот и велешани. И временските прилики двата дена се најавуваат дека ќе бидат одлични за пливање“ - кажа Иле Попов претседател на „Клуб 28“  еден од организаторите на маратонот.    

Во одржувањето помогнаа и спортските кајак клубови од Велес, Општинската организација на Црвен крст  Велес и нејзината служба за безбедност на вода.

„Патеката за сабота е во должина од 2,5 км ќе се стартува во 12ч. па пред тоа трка на деца во должина од 800 метри е во 10,45ч. а аматерите се во 10 ч.  В недела еден круг од пливањето е во должина од  1,6 км. бидејќи на таа должина мора да има  платформа за хранење  за пливачите“ - рече Роберт Папазов од кајак кану куб „Бабуна“ еден од организаторите.   

Велес е домаќин заедно со Барселона, Белград и уште три други града од Италија, Словачка, Израел во Европскиот клуб на далечинско пливање. Ова е најголем меѓународен спортски настан што се организирал во градот.

„За наши услови бројката на пријавени 31 учесник е рекордна од 13 земји. Има два настани, повеќе трки во два дена. Сабота е финалето од националниот куп во далечинско пливање од 2,5 км  и аматерска трка.  Петмина претставници на Европската пливачка федерација ЛЕН ќе бидат присутни во Велес“ - вели   Васил Велков од Националната пливачка федерација. Учесниците на оваа трка доаѓаат од Унгарија, Шведска, Германија, Италија, Србија, Бугарија, Бразил, Македонија, Косово, Шпанија, Швајцарија, Франција, Данска.

Натпреварите се финансиски поддржани  од Општина Велес и Националната пливачка федерација, додека наградите за трката за рекреативците ги обезбеди Дине Гуџов.  

„За поздравување е што ваквите трки даваат можности за нашите млади натпреварувачи, пливачи да учествуваат, да се стекнат со искуство. Бидејќи не е се исто пливањето во базен,  или на тренинг, искуството се стекнува на вакви трки“ - рече Томи Стефановски,  од далечинско пливање при Националната пливачка федерација.

Градоначалникот Марко Колев ги покани сите љубители на пливање не само од Велес и Скопје, туку и од Македонија да присуствуваат на двата пливачки настани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »