Петар Печков
Објавено: вторник, 11 август 2015
Македонска пошта како општествено одговорна компанија се вклучува во хуманитарната акција за помош на настраданите во тетовскиот регион. Taa во сите своите подружници дава можност за оставање хуманитарна помош за настраданите во поплавите во Тетово.
Почнувајќи од понеделник, 10-ти август, па се до 15-ти август, сабота, АД „Македонска пошта“ прогласува „Недела на хуманост“.
Во соработка со Црвениот крст граѓаните својата хуманитарна помош во храна, облека, средства за лична хигиена и дезинфекција можат да ја предадат во 330-те единици на поштенска мрежа на АД „Македонска пошта“ на целата територија на Македонија. Во велешко тоа е поштата во Велес, Нова Населба и Пазаариште, и во единиците во Градско, Чашка, Лозово, Иванковци,Извор, Богомила, Јаболчиште
АД „Македонска пошта“ изразува сочуство до фамилиите на настраданите во оваа природна катастрофа и ги повикува сите хумани граѓани да дадат придонес со своите донации.
Црвениот крст потсетува дека заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат во акцијата и со обезбедување парична помош:
– Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
Tweet |