речник контакт

Недела по шести пат ќе се плива Велешки пливачки маратон

Пријавени се засега 70 пливачи а заинтересираните можат да се пријавуваат до стартот в недела

Петар Печков

Недела на езерото Младост ќе се одржи 6-тиот Пливачки маратон. Во терминот од 10 до 15 часот ќе се плива на 2,5 км -аматери и 5 и 10 км за професионалци (која е олимписка дисциплина). 

За сега според организаторот биле пријавени 70 учесници, од нив 40 аматери, пливачи кои не се регистрирани за ниту еден пливачки клуб во земјава  и 30 професионалци. За прв пат маратонот е меѓународен, има пријавно пливачи од  Бугарија, Србија, Косово и Бугарија. 

На маратонот ќе учествуваат најдобрите македонски пливачи меѓу нив и најдобриот во Светскиот ФИНА куп Евгени Поп Ацев.   кажа Горан Стојановски член на Националната пливачка  на Македонија.

Тој најави дека најдобрите  пливачи ќе добијат парични награди. Не го кажа наградниот фонд, кој ќе бил објавен в недела за време на манифестацијата. Пливачкиот маратон на езеро Младост е дел од Националниот Куп во далечинско  пливање, првите два се одржаа на Охридско езеро, Илинденскиот и наредната седмица уште еден.  Националната пливачка федерација работела, од следната година Пливачкиот маратон на езеро Младост да влезе во ФИНА календарот (светската пливачка федерација).  

Одговарајќи на новинарско прашање, дали пливачите аматери ќе треба да плаќаат за медицинска белешка од илјада денари дека  може да пливаат Иле Попов од организаторот го изјави следното:

 ,,Може белешка и од матичен лекар, која не се наплатува и со дополнителен преглед од медицинска екипа која е на местото на терен, пријавениот ќе може да учествува,,. Стартот и целта на трките е на плажата пред ресторан ,,Бела вода,,.  

Според програмата недела во  10 часот ќе биде стартот на рекреативниот пливачки маратон на кој може да се пријават учесници кои не се членови на пливачки клубови и се рекреативци. Во 12 часот ќе биде стартот на финалето на македонскиот куп во далечинско пливање на кој учесници можат да бидат само членови на пливачки клубови. Во 15:00 часот е доделување на дипломи и медали на најдобрите учесници на пливачкиот маратон. Организатор на Пливачкиот маратон е Здружението за спорт и рекреација "КЛУБ 28" од Велес а финансиска и техничка поддршка обезбеди Општина Велес и Националната пливачка федерација.

Градоначалникот Аце Коцески најави дека годинашниот пливачки маратон е во чест на д-р Милчо Трајков, кој со години наназад ја поддржуваше манифестацијата. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »