Петар Печков
Објавено: петок, 11 јуни 2021
Оваа седмица во вакциналниот пункт во Велес, вакцина против ковид-19 примиле 1550 лица. Ова се податоците кои ги објави координаторот нa пунктот д-р Марина Тодоровска.
„Со „АстраЗенека“ вакцинирани се 560 лица а со „Фајзер“ 990. Вакцинацијата продолжува и во понеделник а што вакцини ќе добиеме ќе биде познато понеделник наутро. Има термини од понеделник до среда, за лица од 40 до 59 годишна возраст. Од четврток почнуваме со втора доза вакцина на лица кои ја примија првата“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на пунктот за масовна вакцинација во Велес.
Тука се вакцинираат и лица од Градско,Чашка и Лозово. Повеќе од 4,5 илјади лица досега во овој вакцинален пункт ја примиле првата доза вакцина, повеќето „Синофарм“, помал дел „АстраЗенека“ и „Фазјер“.
Tweet |