Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 јули 2018
Од 4-ти до 7-ми јули, Велес по 15-ти пат ќе биде домаќин на Интернационалниот фолклорен фестивал. Годинава организаторот најави учество на 18 ансамбли од шест држави, Словачка, Србија, Естонија, Црна Гора, Македонија и изненадувањето од Мексико.
Фестивалот ќе започна традиционално со дефилето кое среда вечер од 19 ч. тргнува од Средношколскиот ученички дом мине по улиците на Велес за да во 20,15 биде свеченото отворање во амфитеатарот во Младински парк.
Задоволство ми е што можам да кажам дека дочекавме 15 години Фестивалот да опстане, да ги предизвика велешани да излезат од своите домови и масовно да не следат. Покажавме на светот дека Велес може да биде центар на светот, на светскиот фолклор и култура. Имаме јубилеј за паметење, дојдете да уживаме во фолклорот и традициите - рече Томе Јаневски претседател организациониот одбор на ИФФ.
ИФФ Велес 2018 во четврток и петок започнаа во 20,30ч. а затворањето е в сабота во 20 ч. Финансиски е подржан одОпштина Велес со 600 илјади денари и Министерството за култура со 250 илјади денари.
Tweet |