Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 август 2021
Неделата попладне, во периодот од 13 до 19 часот полициски службеници од СВР Велес спровеле засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес.
„При акцијата што санкционирани се 67 возачи, 27 на територијата на Велес, додека на територијата на Кавадарци и Неготино по 20“ - соопштија од МВР.
Викендот, саботата и неделата во ва наврати Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спровела засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Куманово -Скопје- Велес. При тоа била констатирани 171 прекршок, за брзо возење
„Во саботата во периодот од 13 до 19 часот санкционирани се 99 возачи. При контролата 15 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца со дури над 70 километри на час над дозволеното. Во неделата во периодот од 8 до 13 часот санкционирани се 72 возачи, 23 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица со дури над 70 километри на час над дозволеното“ - информираа од МВР.
Од сообраќајнта полиција апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
Tweet |