Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 мај 2020
СВР Велес информираше за три инциденти кои се случија вчера, недела, на три различни локации во градот. Во писменото соопштение портпаролот Верољуб Додевски напиша:
На 17.05.2020 во 11.30 часот во Полициската станица Велес, М.А.(37) од Велес пријавила дека околу 10.45 часот на ул.„Ангел Мишев“ таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од С.У.(29) од Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.05.2020 околу 01.00 часот на крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Роса Плавева“ настанала физичка пресметка помеѓу В.С.(47) и И.С.(41), од една страна и И.Т.(23) и четири непознати лица, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.05.2020 околу 12.50 часот на ул.„Димитар Влахов“ настанала физичка пресметка помеѓу Б.З.(42), М.А.(37), Е.Х.(20) и 15-годишен малолетник. По настанот лицата се приведени во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |