Петар Печков
Објавено: среда, 05 јуни 2019
Во неделата попладне Велес го зафати невреме пороен дожд, со град и силен ветер. Тоа предизвика пореметување за редовниот живот и сообраќај во градот.
На неколку локации во градот стари дрвја се паднати од временските неприлики. Вработените на ЈКП Дервен во понеделникот ги отстранија од јавните површини и среќна околност е што нема предизвикано штети.
Се отстранија неколку паднати дрвја по невремето во неделата. Дрвјата беа паднати на следните локации: парк кај автобуската станица, кај училиштето Благој Кирков, во Долни Дуќани и на ул. Благој Ѓорев - информираа од ЈКП Дервен.
Од наносите на земја и шут, собрани се повеќе трактори смет.
Tweet |