Петар Печков
Објавено: вторник, 14 декември 2010
СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицето Ѓ.А.(62) од Велес, поради основано сомнение дека на 25.11.2010 год. извршил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ така што вечерта во 20:49 и 21:30 часот од неговиот телефон два пати се јавил на С.К. и сериозно и се заканил дека ќе ги запали, дека ќе гореле и ќе ги загрози нејзиниот живот и животот на нејзината ќерка министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска, како и на останатите членови од семејството.
Имено на 25.11.2010 година, додека седел во неговиот дом и го гледал интервјуто на министерката, кое во живо одело на А1 Телевизија, од неговиот телефон два пати се јавил на домашниот телефон на С.К. (мајка на министерката Елизабета Канчевска-Милевска) и сериозно и се заканил, упатувајќи и навреди и пцости. По ова оштетената исплашена по нејзиниот живот, како и животот на нејзината ќерка и целото семејство, веднаш и кажала на нејзината ќерка, која веднаш го пријавила случајот во МВР.
Со наредба од Истражен Судија беа подигнати листинзи од „Т-хоме“ и АД „Оне“ со цел утврдување на комуникацијата меѓу осомничениот и оштетената. Во СВР - Скопје бил повикан Ѓ.А. и со истиот е извршен службен разговор во кој признал дека го дознал домашниот телефон за кој мислел дека е на министерката и се заканувал заради наводно незадоволство од нејзината работа.
Tweet |