речник контакт

Некогаш најголемиот град на светот денес е рушевина

Хампи е под заштита на УНЕСКО и е вклучен во светското културно насвледство од особено значење

Петар Печков

Во индиската држава Kарнатака се наоѓаат рушевините на Хампи, некогашната престолнина на царството Виџајанагара. Од 1336 година до 1565, кога бил освоен од муслиманските освојувачи, во него живееле околу 250.000 луѓе, што го прави најголем град на светот во тоа време.

Хампи е дом на многу архитектонски чуда, а денес може да се прошета низ рушевините и сепак да се биде воодушевен од она што останало. Пред 500 години оваа метропола била дел од Рим, Багдад и Истамбул. Стилот на ова царство на архитектурата археолозите го нарекуваат индо-сараценски стил.

Градот е украсен со многу прекрасни геометриски шари и статички градби кои се донесени од исламските проектанти, но има и статуи на хиндуистичките богови и други митолошки фигури.

Во градот се наоѓа Вирупакша, составена од спратови што се смалуваат и ако се гледа одоздола таа изгледа многу висока, а Лотус Махал е уште една геометриски сложена градба.

Хампи е под заштита на УНЕСКО и е вклучен во светското културно насвледство од особено значење во 1986 година.

преземено  од   http://www.fakulteti.mk/

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »