Петар Печков
Објавено: сабота, 07 мај 2016
Претставата „Некрстени денови“ од Тихомир Стојановски, во режија на Слободанка Чичевска, вечерва во 20 часот ќе биде премиерно изведена на малата сцена во театарот „Јордан Х. К. Џинот“ во Велес.
Во неа играат Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Мирјана Ристов, Страшо Милошевски,Тихомир Стојановски, Роберт Ристов и Слободанка Чичевска. Музиката е на Јане Пенов и Мемишевци од Орашек – Гора.
Претставата е во продукција на театар „Скрб и утеха“.
Tweet |