Петар Печков
Објавено: четврток, 07 јули 2016
Велешките фирми се запознаени со поимот нелојална конкуренција, ама не знаат како да се заштитат. Ова го покажала анкета спроведена помеѓу 50 велешки фирми микро, мали, средни и големи, која е спроведена од Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес.
Спроведовме прашалник до 50-тина велешки фирми од различна големина. Тие беа испитани од областа на нелојалната конкуренција, дали се запознати со поимот и со органот кој нуди заштита како и си постапката и право заштитата. Испитаниците кажаа дека се судруваат со нелојална конкуренција и таа постои, меѓутоа органот кој ја нуди заштита не го познаваат, не знаат како да се заштитат - изјави Сања Јорданова која го работеше овој проект.
Заради надминување на овие констатирани проблеми, отпечатен е и Водичот за улогата на комисијата за заштита на конкуренција и постапка за заштита од нелојална конкуренција, кој на стопанствениците ќе им помогне да ги остварат своите права. Спроведената анализа и истражувањето се во периодот од јануари до мај оваа година. Водичот треба да им помогне на стопанствениците за улогата на Комисијата за заштита на конкуренција и постапка за заштита на конкуренцијата.
Tweet |