Петар Печков
Објавено: петок, 23 март 2012
Предлогот на предлагачот-доверител Друштво за производство, трговија, транспорт и услуги ЦЕНТАР-БЈ увоз-извоз Прилеп за отворање на стечајна постапка над имотот на стечајниот должник КИРО ЌУЧУК АД за производство и промет со градежни материјали со седиште Велес е повлечен.
Иако имаше именуван и стечаен управник во претходна стечајна постапка, Димитар Аџиев од Штип се одржа и едно рочиште, стечај не се отвори. ТРМР од сигурни извори дознава дека цената за која е платено повлекувањето е 1,5 милиони денари кој АД Киро Ќучук ги исплатил кон овој доверител, по што бањето е повлечено. Но веднаш потоа е поднесено ново барање од истата прилепска фирма за нов стечај.
Ова е втор случај како ова прилепска фирма поднесува барање за стечај и без објаснување го повлекува. Но познавачите велат дека нашол ефикасен начин да си ги наплатува неговите побарувања. Барањето за отворање стечај, за големина на фирми како АД Киро Ќучук се движи околу 120 илјади денари, средства кои мора да се платат за да започне постапката.
На единственото одржано рочиште каде Аџиев се појави, тој јавно кажа дека има опструкции од страна на раководството и директорот Киро Камчев, дека не му се достапни финансовите документи. Аџиев јавно обелодени дека завршната сметка за 2010-та Камчев ја доставил до УЈП на 28 февруари 2012, една година подоцна од законскиот рок. При што за тоа не одговарал. Завршната сметка за 2011-та од тогаш воопшто не била сработена.
Но ова не е единствено нелегално финансово работење на директорот Камчев. Работниците јавно зборуваа дека пари и плати им се делат на рака во ноќните часови, но за тоа ниту една државна институција не мрдна со прст. По ваквиот развој на настаните, дел од работниците најавуваат дека ќе се организираат и тие да поднесат барање за стечај, за од Камчев да земат некој денар. Очекуваат дека полицијата ќе најде сили да провери од каде и како Камчев ги платил овие 1,5 милиони денари на прилепскиот бизнисмен со кои е повлечено барањето за стечај.
И додека доверителите бараат начин да си ги напалтат долговите, тие се множат на сметката на АД Киро Ќучук. На интернет страницата на Основниот суд во Велес се појавија пресуди за побарувања од ЈКП Дервен, АД Телеком.... За тоа време фабриката не работи, државата и ги одзеде коцнесиите за копање глина, поради неплатен долг а дел до работниците не гледајќи иднина таму си заминаа.
Tweet |