речник контакт

Нема да има огномет на Зимскиот фестивал во Велес

Велес се придружи на градовите каде нема да има огномет, по реакциите на дел од јавноста

Петар Печков

Во Велес нема да има новогодишен огномет. Ова беше одговорот на градоначалникот Марко Колев, на поставеното советничко прашање од Димче Ацков. 

„Дали ќе има огномет на Зимскиот фестивал а откако други градови ги откажаа по барање на здруженијата на љубители на животните“ -праша Ацков.

И родителите на деца со Даунов синдром бараа да нема огномет, оти на него реагирале децата. 

„Нема да има огномет на Зимскиот фестивал“ -одговори кратко Колев.  

Огнометот се одржуваше на завршната вечер на Зимскиот фестивал, при настапот на музичка ѕвезда.

фото Општина Велес

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »