Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 мај 2014
По три години пауза од саботата започна да сообраќа меѓународниот воз Хелас експрес. Тој вози на релацијата Солун – Белград и обратно. Така Велес повторно доби меѓународно железничко поврзување.
Возот од Велес кон Белград тргнува во 19,00 од Белград кон Велес во 18,45 часот. За Солун поаѓа во 6.00 а од Солун во 15,51 часот. Првите два дена на билетарницата на Железничката станица во Велес нема продадено ниту еден билет за Солун или за Белград.
Дали потенцијалните патници не знаат за оваа новина или пак ценaта е висока, е прашање засега без одговор.
Tweet |