Петар Печков
Објавено: петок, 09 октомври 2009
Не се продаде ниту еден плац од понудените девет во индустриската зона УЗУС 2 во Велес.
Причина за ова е што на јавното наддавање за продажба на градежно земјиште кое го понуди Министерството за транспрот и врски не се јавил ниту еден заинтересиран потенцијален купувач. Плацевите се со површина од околу 850 метри квадратни по цена од 700 денари за квадрат. Нив можеше да ги купат сопственици на фирми и занаетчии заинтересирани да градат производствени погони и хали.
Индустриската зона УЗУС 2 е нов простор за развој на малото стопанство, кој општината сеуште инфраструктурно не го опремила, поради што и нема интерес од инвеститорите. За разлика од него комплексот УЗУС 1 поодамна работи и има дваесеттина објекти каде се произведуваат текстил, картонска амбалажа, производи од дрво и за храна.
Од Министерството најавуваат дека до крајот на годинава ќе распишат нова продажба на градежното земјиште наменето за производни цели.

Tweet |