речник контакт

Нема интерес за членување во УО и надзорен одбор на ЈКП Дервен

УО се состои од пет члена а надзорниот одбор од два

Петар Печков

Нема интерес за членување во Управниот одбор и Надзорниот одбор на ЈКП Дервен. Првиот распишан Јавен повик, бил безуспешен па Советот на Општина Велес донесе одлука за нов, втор, кој деновиве треба да биде распишан.

УО се состои од пет члена, претседателот добив надомест од 7 илјади а членовите од шест илјади денари. Исто така немало интерес и за Надзорен одбор за  контрола на материјално - финансиското работење на ЈКП Дервен. За него се бараат два члена а брои пет.  Времетраењето на мандатот на членовите изнесува четири години.

Новиот Јавен повик и за членови нa УО и за надзорен добро ќе биде објавен на 11 септември. Нив ќе ги избира Советот на Општината.

Oва е новина согласно Законот за јавни претпријатија, кој стапи на сила годинава. Наместо да се избираат по предлог на Советот, тие се избираат по пат на Јавен повик.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »