Петар Печков
Објавено: вторник, 26 јануари 2010
Велешкиот совет го одби барањето на родителите албанци за отварање на уште една паралелка на албански јазик во прва година од средното образование. Тие минатата година реагираа што нивните деца не можат да го продолжат задолжителното школување на мајчин јазик, бидејќи со само една паралелка не се во можност да ги запишат сите ученици кои во велешко завршуваат основно училиште. Затоа побараа освен во Гимназијата да се отвори нова паралелка во некое од стручните училишта, каде би можеле да се запишуваат ученици и со послаб успех. Планот за запишување на ученици во I ва година во средните училишта во општина Велес за учебната 2010/11 година од страна на Советот, беше усвоен безмалку едногласно, со само еден воздржан глас на советникот од Нова Демократија. Со планот за упис се прифаќа да работи само една паралелка на албански јазик и тоа во Гимназијата.
- Побарав да се отвори уште една паралелка на албански јазик, бидејќи оваа учебна година осмо оддление ќе завршат 50 ученика во Бузалково општина Велес и исто толку во Горно Јаболчиште, општина Чашка. За овие сто ученика обезбедена е само една паралелка од 34 ученика на албански јазик во Гиманазијата. Тоа е премалку, бидјеќи шеесетина ученика со послаб успех не ќе можат да се запишат, им се ускратува правото, како на другите ученици да го продолжат школувањето на мајчин јазик. Оваа неправда мора да се исправи, да се обезбеди образовение за сите ученици кои завршуват албански мајчин јазик во основно образование во велешко– изјави Нафит Исмаили од Нова Демократија, член на Советот на општина Велес. Изминатите две години откако постои една паралелка во Гимназијата на албански јазик, таа се судрува со многу проблеми, неисплатени плати на професорите и за превоз на учениците, немање на доволен број стручни професори со познавање на албански јазик. Од локалната власт велат дека за отварање на нова паралелка на албански јазик ќе бидат потребни средства и тоа ќе мора да се реализира со помош на Министерството за образование.

Tweet |