речник контакт

Нема независни кандидати за градоначалник и листи за советници во Општина Велес

За Дамир Капија има тројца независни кандидати за градоначалник, а во Општина Лозово две листи за советници

Петар Печков

Нема независни кандидати за градоначалник и листи на советници за Оопштина Велес. Нема ниту за соседните Општини Чашка и Градско. Оваа информација е од канцеларијата на ДИК за Велес, каде до понеделникот на полноќ ниту еден заинтересиран не поднел листа, која требаше да биде заверена со два потписи. Од Општините во централниот дел на Македонија, во Општина Лозово ила две независни листи за советници и а во Општина Демир Капија, има три листи за кандидат за градоначалник.  

Листите на кандидати за членови на Советот и листата на кандидат за градоначалник на Општината, заедно со евидентираните потписи како предлог и целокупната друга документација согласно законските услови и според Упатството на ДИК за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатслите листи за локални избори 2025 година се поднесуваат до Општинските изборни комисии (ОИК) до 13 септември до 24 часот, кои одлучуваат дали ќе бидат потврдени.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »