Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 јануари 2013
Со отворањето на избирачкиот список на увид, од саботата се отвори и законската можност за поднесување на кандидатурите за независни кандидати за градоначалник и за независна листа за Совет. Во подрачната единица на Министерство за правда во Велес, досега нема поднесено ниту подигнато документација од страна на потенцијален кандидат за градоначалник, ниту од независна листа на кандидати.
Доколку некој се реши за ваква опција, таа стои до 9-ти февруари, со тоа што поддршка за општина Велес е потребна од 350 потписници, додека за општините Лозово, Градско и Чашка од 250 потписници.
Tweet |