Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 мај 2021
Изминатите 24 часа во велешко нема ново регистрирани позитивни на ковид-19 а оздравени се четири пациенти. Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство. Активни случаи во велешко се 69 а досега биле заразени 5.467 лица.
Во велешка Болница се хоспитализирани 16 пациенти, од кои седум се потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се шест пациенти. На Инфективно и Интерно одделение се згрижени по шест пациенти, а во Модуларна болница четворица.
Tweet |