речник контакт

Нема нов случај на позитивни со ковид-19 во велешко, еден починат

Во велешка Болница сехоспитализирани 84 пациенти

Петар Печков

Втор пат за седум дена во велешко нема ново регистрирано случаи на заразени со ковид-19  а оздравени се  31 пациент. Ова се бројките за изминатите 24 часа, кои ги соопшти Институтот за јавно здравје. Во недела не работат државните  лаборатории за тестирање. Но сепак со месеци наназад во понеделник, во дневниот билтен имаше лица од велешко кои беа позитивни. По ова активни случаи се 570 а досега во велешко  се заразиле 5.338 лица.
 
Министерството за здравство објави дека е починат велешанец на 61 годишна возраст, кој се лекувало во болница во Скопје.  

Вкупно се хоспитализирани во велешка Болница се 84 пациенти,  од кои 68 се потврдени позитивни, шест сомнителни  и 10 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. Тој е 161 жртва на корона вирусот во велешко.

„На кислородна поддршка се 40 пациенти. Испишани се четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во Инфективно одделение се сместени 39 пациенти, во Интерно шест, седум во Физикално и  Модуларна болница 32.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »