речник контакт

Нема нов случај со ковид-19 во велешко, во Болница се 33 пациенти

Во велешко има 91 активен случај

Петар Печков

Се почесто во велешко се регистрира дека нема нови дневни случаи на позитивни на ковид-19. Така беше и изминатите 24 часа, кога нема ново заразени а оздравени се седум лица. По ова Институтот за јавно здравје соопшти дека во велешко  има 91 активен случај а досега биле заразени 5.463 лица.

„На кислородна поддршка се 18 пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен  по еден извршен тест кој бил негативен “- кажа д-р- Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. 

Хоспитализирани  во велешка болница се 33 пациенти,  од кои  19  се потврдени позитивни, тројца  сомнителни  и 11 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување, поради здравствени проблеми. На Инфективно одделение се  15 пациенти, на Интерно пет и во  Модуларната болница 13

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »