Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 април 2022
Изминатите 24 часа во велешко нема нови случаи со кoвид-19 во велешко, а оздравени се десет пациенти. Со ова бројката на активни случаи е 26 лица. Починати во велешко нема.
Денес, понеделник во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени се седум пациенти, двајца помалку од вчера. Hа Инфективно хоспитализирани се тројца а на Интерно се четворица пациенти. Нема ниту ново примен ниту испишани.
„Тројца пациенти се потврдено позитивни, непотврдени случаи нема а негативни се четворица но со потреба од болнички третман. Нема лица на кислородна поддршка“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |