Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 ноември 2021
Изминатите 24 часа во велешко не е регистриран нов случај на лице позитивно на ковид-19. Затоа пак има оздравено 16 пациенти. По ова бројот на активни случаи во велешко падна на 353 лица. Податоците ги објави Министерството за здравство.
Меѓу десетмина починати за кои информира Институтот за јавно здравје има и еден велешанец. Тој е маж на 47 годишна возраст, кој починал на пат кон скопските клиники. Тоа е 234 случај на лице кое починало поради проблемите со ковид заразата во велешко.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 51 пациент. Најмладиот од нив има 17 години, ученик во средно училиште.
Tweet |