речник контакт

Нема нови случаи изминатите 24 часа, позитивни на ковид-19 во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 31 пациент, четири повеќе од вчера

Петар Печков

Во велешко изминатите 24 часа нема  нови случаи на лица заразени со ковид-19 додека оздравени се тројца, објавија од Министерството за здравство, согласно здравствениот билтен за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи е 167 лица. Нема починати лица.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  има згрижено 31 пациент,  четири повеќе од   вчера.  Од нив 15 се потврдени позитивни  со ПЦР тест, непотврден се седум  пациенти  а   негативни се девет, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примени се три лица, испишани  се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.  На  континуирана кислородна поддршка се 19 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 24 пациенти и петмина  се  на Интерно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »