Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 декември 2021
Во изминатите 24 часа нема ново регистрирани случаи на ковид-19 во велешко а оздравени се две лица. Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство, од билтенот за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи e 129 случаи. Починати нема.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 27 пациенти, два повеќе од вчера. Од нив 16 се потврдени позитивни со ПЦР тест, непотврден се пет пациенти а негативни се шестмина, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Изминатите 24 часа нема ново примени ниту испишани. На континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На инфективното одделение се згрижени 17 пациенти, а на интерното одделение се десет пациенти.
Tweet |