речник контакт

Нема нови случаи на позитивни на ковид-19 во велешко, почина Кавадарчанка која се лекувала во велешка Болница

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се седум пациенти, двајца помалку од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа нема ниту еден нов случај со квоид-19 во велешко.  Оздравени се осум пациенти  Денес бројката на активни случаи  падна на 29 лица со шот велешко е на деветтото место од земјава. Податоците се од Министерството за здравство.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се  седум пациенти,  двајца помалку од  вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани четворица  а на Интерно се тројца пациенти. Нема ниту ново примен ниту  има  испишани. Во велешка Болница почнала пациентка од Кавадарци на 71 годишна возраст од ковид пневмонија.

„Потврдено позитивни се двајца, непотврден е еден и четворица се негативни, но со потреба од болнички третман. Шесте од   пациентите згрижени се од Велес а еден е од Башино Село“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »