речник контакт

Нема нови случаи на позитивни со ковид-19, нема информации

Година и три месеци најчитаните вести беа за состојбата со ново заразени со ковид-19. Бидејќи таа е веќе една седмица без нови случаи, се до промената на состојбата ТрМр нема да пласира информации за здравениот ковид билтен во општината

Петар Печков

Опаѓањето на новите случаи и активни со корона вирусот во велешко, но и во Македонија, резултираа со намалување на информациите од оваа област. Една седмица Министерството за здравство соопштува дека нема нови случаи со ковид-19 во велешко. Во велешка Болница нема згрижени пациенти позитивни на корона вирусот.  

„Поради тоа што на Инфективно одделение повеќе нема позитивни пациенти со ковид-19, известување  за состојбата ќе  има  само доколку тоа се измени“ - информира д-р Елеонора Јованова, портпарол на Болница Велес.

Една седмица и бројот на активни случи во велешко застана на три. Поради ова ТрМр за состојба со ковид-19 ќе информира само доколку има промени, а нив седум дена ги нема.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »