Петар Печков
Објавено: среда, 16 јуни 2021
Продолжува состојбата без нови случаи со ковид-19 во велешко и без оздравени. Информацијата од Институтот за јавно здравје за изминати 24 час е дека нема промени во здравствениот билтен. Активни се три случаи.
Во велешка Болница и денес еден пациент повеќе од вчера и тоа лице кое има здравствените проблеми како последица од корона вирусот.
Хоспитализирани се шест лица, од кои еден е потврден позитивен, двајца се сомнителни и тројца пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се тројца пациенти. На Инфективно одделение се двајца а на Интерно четворица.
Tweet |