речник контакт

Нема ново заразени, еден оздравен во велешко

На Инфективно одделение има 12 потврдено позитивни случаи

Петар Печков


Денес нема нов случај на позитивен со ковид-19 во велешко , има еден оздравен, информираа од Центарот за јавно здравје. Оздравената е пациентка која беше во државен карантин  како повратник од Англија, и е жител на Општина Градско.     Таа по минати 14 дена и по два негативни теста на земен брис е испишана од хотелот во Скопје.   Со ова бројката на активни случаи во велешко е 30 лица, 10 од нив се на Инфективно одделение, 17 во домашни услови , два се на Инфективна клиника во Скопје и еден во приватна клиника во Скопје.

Од велешката Болница информираа дека на Инфективно одделение се сместени 14 лица, 12 со потврдено позитивни,  за две се чекаат резултати, со тоа што две лица кои се хоспитализирани не се од поширока велешка околина туку од Демир Капија.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »