Петар Печков
Објавено: среда, 20 јануари 2021
Денес среда, во велешко нема регистрирано случај на ново заразен со ковид-19 а има дури 38 оздравени пациенти соопшти Министерството за здравство. Со ова бројката на активни случаи е 310 а досега се имаат заразено 2.970 лица.
Денес има починато еден велешанец на 51 годишна возраст, информација која ја соопшти Министерството за здравство а лицето не било на лекување во велешка Болница. Ова е 100-тиот пациент од велешко кој починува од последици на корона вирусот.
Вкупно во велешка Болница се хоспитализирани 25, на Инфективно се 23 а на Интерно двајца пациенти. Од лежечките пациенти кои 22 се потврдени позитивни и тројца пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 9 пациенти. Од Болница се испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |