Петар Печков
Објавено: четврток, 07 март 2024
Пред речи си еден месец министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека побарал дополнителна внатрешна истрага, бидејќи дошол до одредени информации и сомнежи за тоа како се постапувало во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) при МВР извршил проверки во СВР Скопје и СВР Велес.
„Ја информираме јавноста, со оглед на тоа дека извештајот е класифициран, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка, а воедно, до Бирото за јавна безбедност при МВР се упатени задолжителни мерки да се донесат нови процедури и упатства за постапување“ - соопштија од МВР.
Tweet |