Петар Печков
Објавено: сабота, 07 април 2012
„Џангл ТВ“ и телевизија „Скај нет плус“ не емитуват програма и останаа без дозволи за работа откако Советот за радиодифузија(СРД)констатираше дека овие два медиума не ги подмириле долговите. Според СРД, радиодифузерите ниту емитувале програма преку сателит, ниту пак ги подмириле долговите кон радиодифузија.
СРД на овие два медиума, заедно со уште четири други кои ги имаа истите проблеми им даде рок од 15 дена за да го подмират долгот.
„Наша ТВ“, „ТВ 24 Вести“, „Пинк 15“ и „АБ канал“ буквално во последен момент ги спасувале нивните дозволи. Претседателот Стефановски неколку пати ја прекинувал седницата поради телефонски повици на кои му било соопштувано кој медиум ја уплатил првата рата од долгот. Даден е рок од нови 15 дена само на „ АБ канал “ повторно да емитуваат програма преку сателит, откако од медиумот ги известил дека поради технички причини во последните неколку дена биле спречени да го прават тоа.
Рок, но од друг тип имаат националните телевизии „Канал 5“ и „Сител“. Нивните сопственици до 30 септември треба да одлучат што ќе прават, откако пред некој ден и Владата појасни што подразбира под поимот членови на семејство според Законот.
Tweet |