Петар Печков
Објавено: четврток, 24 декември 2015
Учениците од ОУ Методија Митевски Брицо од Лозово нема повеќе да се греат на ќумбиња. Во зградата каде работи оваа образовна институција поставен е топлотен систем, котлара и радијатори со кој од неодамна се греат и учениците и вработените.
Добивме централно греење, така сега училниците и учениците се позагреани, стоплени имаме ефикасно греење. Потребно ни е уште санација на кровната конструкција и фасадата - изјави директорот Стојан Китановски.
Овој проект е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа вреден е 1,3 милиони денари преку Вардарскиот Плански регион.
Вардарски Плански регион имплементираше вкупно три проекти во населбата Лозово, поставени се прозорци и врати во Домот на културата во Лозово, проект вреден 120 илјади денари кој е грант од Програмата за развој за ОН, при што се променети старите врати и прозори. Воедно поставени се два сончеви колектори во Лозово, еден во училиштето и еден во детската градинка.
Tweet |