речник контакт

Нема повеќе полициски час за возрасни и за млади, од утре е за сите од 19 до 5 ч

Уставниот суд одлучи дека полицискиот час не може да ги ограничува возрасните и младите

Петар Печков

Уставниот суд го укина посебниот полициски час за возрасните и малолетните.

Судиите на Уставниот суд на денешната седница изрекоа времена забрана на владината уредба со која се ограничуваше движењето на граѓаните постари од 67 години, како и за ограничувањето на лицата помлади од 18 години.

Со оваа времена забрана, граѓаните постари од 67 години ќе може да излегуваат од 5 до 19 часот, како и другите граѓани, а не од 5 до 12 напладне.

За оние пак помлади од 18 години полицискиот час ќе важи како и за останатите граѓани од 5 до 19 часот, место од 12 до 19 часот

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »