речник контакт

Нема повеќе полициски час и свадби со стотина гости

Дозволени се манифестации, концерти и забави на отворено до илјади посетители

Петар Печков

Владата на денешната седница,  одлучи да го укине ограничувањето за движење на граѓаните и почнувајќи од полноќ, повеќе нема да има полициски час. Уредбата стапува на сила од утре среда.

Исто така, укината е и забраната за 100 гости на свадби и дозволени се концерти и забави. дозволени се манифестации, концерти и забави во отворени клубови, со капацитет до 50 отсто од објектот, но не повеќе од 1.000 луѓе .

Се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект.

Одлуката доаѓа по препораката на Комисијата за заразни болести, која порача дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на корона вирусот, но и со зголемувањето на бројот на вакцинирани.

фото Кирил Миланов

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »