Петар Печков
Објавено: среда, 15 февруари 2017
Машиновозачите на Македонски железници ги потврдуваат реакциите на патниците за возови без возен ред. Додека за едни има возови за забава, за тие со платени билети возови нема или има со доцнење или со ладни купиња.
Секојдневно се откажуваат патнички возови, наспроти најавите дека возниот парк е обновен 100 отсто. Причина е што имаме мал број на локомотиви, вкупно 4-5 исправни кои сообраќаат на територијата на Македонија – вели машиновозач од МЖ.
Тој и неговите колеги објаснуваат дека толку локомотиви прехрануваат илјада вработени во железница. Така се потврдија реакциите на патниците од Железничка станица Велес кои тврдеа дека утринските возови од Кочани и до Скопје често ги нема, на железничка во Велес со часови се чека вкрстување на возовите од и за Битола и Скопје.
На ова патниците велат ,,За едни има бесплатен воз за забава и пропаганда а за нас кои смe со платени билети чекаме со часови,, .
Tweet |