речник контакт

Ненад Коциќ пратеник во Собранието - да направиме општество подобро за сите

Ветивме економски напредок, просперитет, правда за сите, подобро здравство, екологија, тоа ќе го остваривме

Петар Печков

Јас ќе останам со мојата прва професија, здравството, иако сум бил и екологист, и невладин сектор и дел од Советот а сега парламентарец. Се разбира се во рамките на Законот, нема да нарушам некој пропис или правилник,  ќе останам достапен на моите пациенти и своите сограѓани  - одговори Ненад Коциќ на прашањето од ТрМр каде и како ја гледа блиската иднина, откако стана член на Републичкото собрание, наспроти неговата професија доктор и специјалистичката ординација каде работи.

Тој изрази благодарност до сите граѓани кои на 15-ти јули излегле на гласање, при што  немало  проблеми со загрозување на јавното здравје во услови на ковид-19.

Мнозинството на граѓани сметаат дека треба да се продолжи на патот каде застаневме до изборите, за Европска Северна  Македонија  и градење модерна  држава.  Ветивме економски напредок, просперитет, правда за сите, подобро здравство, екологија,  тоа ќе го остваривме – изјави Коциќ.

Тој силно реагираше  на заканите кои се слушале - ќе видите после 15-ти и истиот речник кој продолжил по изборите.

Го осудувам овој настап без оглед од кого доаѓа.  Без оглед дали се согласуваме политички или не, дали сме со исти погледи, закани и навреди не се потребни – додаде Коциќ.

Тој како инфраструктура значајно за Велес ги најави  -реализација на  затворениот пливачки базен, реконструкција на централно градско подрачје со нов плоштад, мост на Речани, санација на мостот кај Башино село, изградба на затворен Градски пазар.  Ги повика сите кои  сакаат на создадат подобро општество да се вклучат, кои имат идеи, да се придружат.

Поделбите и меѓусебните препки носат  зло, напредокот е во заедништвото. Заедно можеме да направием се. Велес е најдобар пример, кога заеднички ја урнавме Топилницата, на што светот ни завидуваше, кога бевме обединети. Да направиме општество подобро за сите, за идните генерации да се гордеат со нас потенцира Коциќ.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »