Петар Печков
Објавено: среда, 25 август 2021
Ненад Коциќ е кандидат на СДСМ за Велес , ова попладнево на прес конференција го објави генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.
„Истражувањата, анкетите недвојбено покажаа дека најдобар кандидат од било која партијаза Велес, е доктор Ненад Коциќ, актуелен пратеник. Меѓу велешани е познат поборник за „зелен Велес“ за здрава животна средина“ - кажа Николовски.
Ненад Коциќ по професија е доктор, сопственик на специјалистичка ординација. Тој е пратеник во републичкото собрание избран летото минатата година. Во еден период тој беше и претседател на ЕД „Вила Зора“ од Велес. Коциќ на неговиот ФБ се заблагодари за довербата.
„Привилегија е да се добие можноста да се води најубавиот Велес и околните китни села!!! Борбата за поубав, поразвиен, позелен Велес продолжува“ - порача Коциќ.
Tweet |