Петар Печков
Објавено: сабота, 15 февруари 2014
Еден снешко од марципан како овој ја разбуди колекционерската страст кај Корнелиус Грeц. Оттогаш минаа 30 години и тој сега има речиси три илјади снешковци. Секој од нив за Грец е еден елемент од сложувалка за историските сознанија. Неговиот најстар примерок, лист од календар од 1770 година, покажува дека првобитно снешкото изгледал сосем поинаку, целосно различно од денешниот.
„Тој изгледал многу заканувачки, бил многу голем, најчесто имал некаков стап во раката, со кој по малку се заканувал. Од тоа може да се претпостави дека мора да бил сметан за симбол за заплашување и дека со него сакале на децата да им влеат малку страв од опасностите на зимата“, вели Грeц.
Во 19 век намргодениот Снешко се опушта. Многубројни разгледници што ги собра Корнелиус Грец потврдуваат дека се затоплува односот меѓу луѓето и Снешко. Од сега вистински веселиот Снешко посебно се воодушевени децата и жените.
Во 20 век индустријата ја согледува шансата: религиозно и политички неврзан, Снешко е извонредно погоден за пазарот.
„Снешко има подолготрајна употребна вредност отколку на пример Дедо Мраз: Снешко може да се користи од почетокот на ноември до крајот на март, додека за Дедо Мраз сезоната завршува на Божик“., објаснува Корнелиус Грeц.
Снешко во ерата на капитализмот - Корнелиус Грец патувал надалеку за да ги открие овие ретки примероци: Снешко што прави меури од сапуница, или Снешко како сапониерка.Тој навлегува во секоја сфера, не познава интимни граници. „Овој овде напред е необична приказна. Ова е повеќе за одделот за возрасни - кондом дизајниран како Снешко. Секако не е баш секојдневно“, вели Грeц.
И комунизмот го користел Снешко за подобрување на квалитетот на животот. Ова шише за вотка Грец го открил во Русија. Еден магазин од некогашната Источна Германија, пак, го направи досега единствениот обид со женски Снешко. Љубов, алкохол, смрт - од праисконските сили на битисувањето дури ни Снешко не може да им се оттргне.
„Ни тој не е вечен, но барем секоја година повторно се враќа - навистина, во друга форма, ги менува агрегатните состојби но кога и да е тој повторно како Снешко стои пред врата. Тоа е како некој вид принцип на јинг и јанг“.
Корнелиус Грац веќе им се радува на Снешковците што ќе ги донесе иднината. А ако продолжи затоплувањето на климата, неговата збирка некогаш ќе сведочи за некоја одамна мината епоха.
Tweet |