речник контакт

Неофицијални резултати од ДИК за вонредните парламентари избори, СДСМ победи со 46 пратеника

Во 3-тата изборна единица 10 мандати за ВМРО-ДПМНЕ, 9 за СДСМ и еден за ЛЕВИЦА

Петар Печков

Државната изборна комисија вечерва конечно ги објави првите неофицијални резултати од изборите што се одржаа вчера.

Според овие податоци, коалицијата МОЖЕМЕ  на СДСМ и Беса освои 46, а коалицијата ОБНОВА на ВМРО-ДПМНЕ 44 пратенички места.

Понатаму, ДУИ има 15 мандати, Алијансата за Албанците и Алтернатива 12, Левица, 2 и ДПА 1 мандат.

На гласањето излегле 942.334 илјади лица, што е околу 51 отсто, неважечки гласачки ливчиња има 31.466 што е 1,73%  од запишаните гласачи.

Партиите и коалициите според ДИК освоиле гласови како што следи: МОЖЕМЕ  на СДСМ 327.329, ОБНОВА на  ВМРО-ДПМНЕ 315.344, ДУИ 104.587, Алијансата за Албанците и Алтернатива 81.297, Левица 37.551, ДПА 13.891, Интегра 12.291, а другите помали партии се далеку под 10 илјади. ГДУ 3.555, МОРО - 3.245, ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА - 2.801, ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА -2604, СДУ -2.585, ТВОЈА -1.894, ДЕМОКРАТИ - 1.556, НАРОДНА ПАРТИЈА На РОМИТЕ -1.225.
Според мандатите по изборни единици ситуацијата е ваква:

Во ИЕ 1: СДСМ – 8, ВМРО-ДПМНЕ – 7, ДУИ – 2, Алијансата за Албанците – 2, Левица – 1;

Во ИЕ 2: СДСМ – 7, ВМРО-ДПМНЕ – 7, ДУИ – 3, Алијансата за Албанците 3;

Освоени гласови во ИЕ 3: ОБНОВА на  ВМРО-ДПМНЕ -71.551 (45,82%) , МОЖЕМЕ  на СДСМ - 66.853 ( 42,81%) , ЛЕВИЦА - 6.939 (4,44%), ДУИ - 3.331 (2,13%), ИНТЕГРА 2.364,  ГДУ - 1.488, Алијансата за Албанците и Алтернатива - 929, МОРО -773 , СДУ - 473, ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА - 456, ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА - 404, ДЕМОКРАТИ - 283М ДПА 242 или во мандати тоа е
Во ИЕ 3: ВМРО-ДПМНЕ – 10, СДСМ – 9, Левица – 1;

Во ИЕ 4: СДСМ – 10, ВМРО-ДПМНЕ – 10;

Во ИЕ 5: СДСМ – 8, ВМРО-ДПМНЕ – 8, ДУИ – 3, Алијансата за Албанците – 1;

Во ИЕ 6: ДУИ – 7, Алијансата за Албанците – 6, СДСМ – 4, ВМРО-ДПМНЕ – 2, ДПА – 1;

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »