Петар Печков
Објавено: вторник, 06 март 2018
После 16 часа, полицијата и обвинителството ги дадоа првите информации за настанот кој се случи вчеравечер. Првично беше дека околу 17,30ч. е пронајдено тело на маж, на регионалниот пат Велес - Градско, во близина на Агриа.
Од службата на Итната медицинска помош началникот д-р Васе Пановска беше кажано дека биле повикани бидејќи има повредено лице, на кое од дежурната екипа му била дадена прва помош и веднаш бил транспортиран до ЈЗУ Општа Болница Велес.
Од таму пак портпаролот главната сестра Марина Андова, изјави дека кај нив нешто по 18 часот е донесено лице кое не давало знаци на живот и по анагажирањето на целокупната дежурна екипа на доктори, анестезиолози од Хирушкото одделение, обидите за реанимација пациентот бил прогласен за починат.
Дека нешто се има случено на делницата од Велес кон Градско, на стариот пат, имаше информации по реакцијата на патниците кои беа таму со часови. Од АМСМ која вообичаено информира за тоа дека има застој на патиштата, рекоа дека кај нив никој се нема јавено ниту Македонија пат ниту полиција, да каже дека патот е блокиран.
Неофицијаланите информации се дека бил затворен од 18 до 21,30ч. додека се вршел увид. МВР со кратка информација за настанот за кој се шпекулираше, но информација немаше.
На 05.03.2018 година, околу 18,00 часот, на регионалниот пат Велес-Градско, непознато лице управувајќи патничко моторно возило непозната марка удрило во пешакот Д.В.(33) од село Аџиматово, велешко, по што лицето со возилото го напуштило местото на настанот. Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Со слична информација излезе и ОЈО Велес.
Вчера, околу 18 часот пронајдено е починато машко лице на средина на коловозот на регионалниот пат Велес – Градско. По идентификацијата е утврдено дека починатото лице е Д.В. , триесет и тригодишен жител на с. Аџиматово, општина Лозово. Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место при што се пронајдени траги кои се дадени на натамошно вештачење. Надлежен јавен обвинител издаде и наредба за вршење на обдукција на телото на починатиот.
Tweet |