речник контакт

Непознат сторител го предизвика поморот на рибите во Тополка

Од добиените резултати не можело да се открие кој е причинителот, оти во објектот од каде дошла заматената вода, имало повеќе фирми кои таму работат

Петар Печков

По две месечни анализи позната е причината но не е познат сторителот  на големиот помор на риба во реката Тополка кој се случи пред два месеци.  Поради  заматената вода на реката се случи поморот поморот летово. Државниот инспекторат за животна средина и природа ги добил резултатите од земените мостри на водата од  28-ти јули годинава.

Земавме мостри од водата пред и по местото каде е регистриран поморот, како и од истечниот канал. Извршени се анализи и причината е заматувањето. Во водата се пронајдени суспендирани честички, прашина. Анализите не покажуваа хемиски елементи, така што не можеме да посочиме кој е виновникот. Затоа ќе поднесеме кривична пријава против непознат сторител - изјави Фирус Мемед  директор на државниот инспекторат за животна средина. 

Од добиените резултати не можело да  се открие кој е причинителот, оти во објектот од каде дошла заматената вода, имало повеќе фирми кои таму работат.

На  просторот од поранешна Порцеланка има повеќе првни субјекти, кои сега таму работат. Од заматувањето не може да се констатира кој е причинителот, нема хемиски супстанци. Затоа ќе поднесеме кривична пријава за непознат сторител  а  надлежните органи понатаму  имаат   можности  да откријат кој е сторителот – изјави директорот Мемед. 

Поморот на риба се случи на 27 јули во вечерните часови околу  осум навечер. Тогаш големо количество на риба  изумре во реката  Тополка,  низводно од некогашна Порцеланка, во близина  на Велес.  Количеството на риба кое  изумре никој не може  го прецизира, оти во првиот бран беше мрак а следниот ден  прво умираа помалите парчиња а подоцна и поголемите. 

Мештаните од Превалец тогаш изјавија дека во тој период  во Порцеланка имало голема активност, мајстори кои со специјални апарати ја сечеле опремата и машините, кои се продавале како старо железо.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »