Петар Печков
Објавено: среда, 13 април 2022
Со одлука на Советот е одредено кога, во кој термин се дистрибуираа стока до продавниците во Велес. Граѓаните се сведоци дека тоа ретко се почитува. Токму на ова тема реагираше советникот Ќирил Гајдов,со прашање до локалната власт,
„Со непочитување на оваа одлука, доаѓа до хаос во сообраќајот, во текот на целиот ден. Дотур се врши во работно време иако е одредено кога, во колку часот е тоа дозволено. Кога сакаат тогаш растовараат. Потребно е да се изврши контрола, колку оваа одлука се почитува“- рече Гајдов.
„Дистрибутерите сакаат да ги остават возилата до влезот на продавницата и го извршат дотурот. Возилото може и подалеку да се паркира а дотурот да се врши со количка. Овие решенија се правени согласно сообраќајни решенија и такви се низ цела Македонија, не се само во Велес. Во психологијата ни е прво отпор на некои решенија за потоа да ги прифатиме“ рече Веса Смилева од одделението за комунални работи.
Одлуката со која се регулира дотурот на стока во централно градско подрачје доставување на стока се врши секој ден, во временскиот период од 23:00-06:00 часот и од 09:30-11:30 часот.
Во зоната до и од Градските Пазари, возилата за доставување на стока можат да вршат запирање и паркирање заради доставување на стока секој ден, во временскиот период од 04:00-07:00 часот, од 12:00-14:00 часот и од 18:00-20:00 часот. Зоната до и од градските пазари е дефинирана со следните улици: „11 Октомври“ „Нада Бутникошарова“ „Петре Прличко“„Кресненско востание“ „Димитар Влахов“.
Во сите останати не наведени улици од градот, возилата можат да вршат запирање и паркирање заради доставување на стока секој ден, во временскиот период од 21:00-06:00 часот и од 09:30-11:30 часот.
Возилата кои доставуваат стока на подрачјето на Општина Велес може да запираат и паркираат додека трае текот на истоварање и товарање, но не подолго од 15 минути.
Tweet |