речник контакт

Несекојдневна сообраќајна несреќа во Велес

Велешанец настрада во несекојдневна сообраќајна несреќа откако јасика падна врз автомобил во движење.

Петар Печков

Велешанец настрада во несекојдневна сообраќајна несреќа откако јасика падна врз автомобил во движење. Сообраќајката се случила на локалниот пат Велес-Башино Село, во саботата околу 14 часот кога дрвото поради силниот ветер паднало врз автомобилот ситроен ксантија со белгиски регистарски таблички. Од силината на ударот на лице место во згмечената гола починал Ерол Брзев (50 год) од Велес, додека тројцата сопатници се повредени а двајца од нив завршиле во Ургентен Центар во Скопје. Очевидците објаснуваат дека во тие моменти патот бил непрегледен од црн облак.

\"\"

- Одненадеж дувна силен ветер кој ја затемни целата област, поради ридот од згура на Топилница, се крена облак. Не се гледаше ништо пред нас, за да потоа слушнеме само тресок. Неколку моменти, откако се крена прашината видовме дека јасиката паднала врз автомобилот. Веднаш се стрчав таму и видов четворица во смачканата кола, две деца и двајца возрасни мажи – вели Кате Бабунска, која живее во блиската куќа на  десетина метри до местото на несреќата. Видно потресена од настанот, таа беше со чаша вода и таблети за смирување. Нејзиниот сопруг објаснува дека јасиката, која од брзиот ветер се срушила,  била стара стотина години , бидјеќи ја помни од мал. Тие се обиделе да им помогнат на повредените, но патниците кои минувале со коли не дозволиле, туку ги земале и однеле во велешката Болница.

\"\"

- Во мојата кола ги земавме децата кои беа облеани во крв, шоферот имаше повреда на вратот па бевме во дилема како да го превеземе. Совозачот беше приклештен во колата која немаше покрив. Го допирав тој не даваше знаци на живот па итно децата ги пренесов во Болница – вели возачот кој ги пренел повредените. Во Болница биле примени Рамуш Лимани ( 33 год)  кој има повреда на градниот пршлен, и повеќе скршеници, Арбен Лимани ( 11 год) кој има скршеници на главата и подлактицата, Садам Лимани ( 14 год) кој минал со помали повреди.

\"\"

- Поради сериозноста на повредите таткото и синот Рамуш и Арбен Лимани ги пренесовме на соодветните клиники во Скопје. Нивната состојба е стабилна, но мораат да бидат превентивно згрижени таму. Нивниот внук е добар, само во шок од несреќата – изјави хирургот  д-р Петре Кодовски. Според членовите на семејството Лимани, кои беа  во Болницата околу креветот на Садам, тие четворицата тргнале на прошетка до езерото а починатиот Брзев работел во продавницата на нивниот брат Рамуш.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »