Петар Печков
Објавено: среда, 18 декември 2019
Одбојкарите на ГОК Борец во претпоследното осмо коло од Првата лига, дома загубија со максимални 0:3 (13,11,18) од второпласираната екипа ан ОК Џио Струмица. Гостите со далеку поквалитетен состав, немаа проблем да ги освојат трите бодови. По ова коло велешани остануваат осми со една победа и четири бодови. Последното коло гостуваат во Скопје на лидерот ОК Вардар.
Во 12-тото коло на Првата ракометна лига, група 2, екипата на ГРК Борец во Ресен загуби тесно од РК Преспа 2015 со 21:19 (12:11). Младата велешка екипа во финишот имала нерешено 19:19, но прима два гола за радост на домаќините. По ова коло ГРК Борец е последен осми со една победа и три бода. Првенството продолжува напролет, кога треба да се играат уште две кола.
Кошаркарите на КК Борец баскет ова коло беа слободни а следното, седмото играат дома со екипа на КК Шкупи, која е четврта, едно место погоре од домаќинот КК Борец баскет.
Во 10-тото коло на Првата футсал лига екипата на КМФ Велес дома загуби со 3:10 од лидерот КМФ Проект Цико. И по ова коло КМФ Велес, со осетно изменет и подмладен состав останува претпоследна деветта со две победи и шест освоени бода.
Во седмото коло на Втората футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби гостуваше кај КМФ Лозари 1945 и победи со 4:8 и е лидер со шест победи од шест натпревари, колку што имаат и КМФ Арбен Бајрами и КМФ Форца 2015, но тие имаaт и по еден пораз.
Tweet |