Петар Печков
Објавено: четврток, 13 октомври 2016
Сообраќајка на автомобил кое превезувало починат и друг автомобил во средата претпладне, се случила во близина на Велес. Еден од патниците е тешко повреден.
Според МВР сообраќајката се случила во средата во 9,30 часот на регионалниот пат Велес – Раштани во близина на новите гробишта.
Сведоците тврдат дека возачот на ,,фиат добло, превезувал починат и возел кон гробиштата во Раштани а во негова придружба било уште едно возило.
Во сообраќајната незгода учествувале два автомобили со велешки регистарски ознаки, ,,фиат добло,, управуван од Д.Ј. ( 61 год) и ,,ауди,, управувано од Ф.Е. (18 год). Во незгодата двајцата возачи се здобиле со лесни телесни повреди, додека сопатничката во аудито В.Е. ( 41 год). има тешки телесни повреди – скршеници и е задржана на лекување во велешката Болница – изјавија од МВР.
На лице место излегла увидна екипа на СВР Велес а истрагата ќе покаже како дошло до сообраќајката, на пат кој е тесен и тешко прегледен.
Tweet |