речник контакт

Ни по осум години не е познато кој го уби Лазо Милошевски во Ореше

Неговите блиски реагираат што нивните изјави за заштитенито сведок Бреза или Златко Арсовски не биле земени во предвид при донесувањето на ослободителната пресуда

Петар Печков

Соња Арсовска внуката на убиениот Лазо Милошевски од селото Ореше  реагираше  на пресудата  за овој предмет, оти не биле земени во предвид нејзините сведочења и на нејзиниот сопруг. Таа е лута што и по осум години  правдата и вистината не се познати, кој го  уби дедо и Лазо на 2-ри декември 2005-тата, во неговата куќа, додека ја подготвувал вечерата.

Ваквата разврска за нас беше очекувана. Уште од првиот ден ние минеме низ Голгота, од убиството на дедо ми Лазо, низ сите судски рочишта. Оваа пресуда е продолжеток на сите маки кои ги тргавме.  Заштитениот сведок ,,Бреза,, или Златко Арсовски за пари ја смени изјавата. Нас претходно ни тврдеше дека обвинетите се сторителите. Тој имаше посредник, кој доаѓаше на судењето и преку кој се одвиваа тие зделки. Неговата изјава кога ја смени изјавата е лага – изјави Соња Арсовска.  

Таа потсети дека   во неколку наврати Златко Арсовски уште во 2008-та и 2009-тата, кога се сретнале и ги посочувал сторителите на убиството.

Три дена пред  да биде донесена пресудата, обвинетите славеа слобода. Од каде знаеја каква ќе биде таа. Ни се јавуваа пријатели познати и велеа луѓе овие слават – вели Соња Арсовска. 

За да ја прочитаат пресудата Соња и нејзиниот сопруг Вељо Арсовски мораа да дојдат лично во Основниот суд Велес и да ја подигнат. За разлика од останатите страни во овој предмет, тие ја добиле последни по две седмици откако судијата ја изработил. Од Основниот суд во Велес им објасниле дека била вратена од Поштата од Драчево, иако адресата на живеење  на Арсовски била иста како и за претходните две  пресуди кои ги добиле навреме.

За мене овој случај е завршен. Во судница и сами бевте сведоци колку навреди на наша сметка, моја, сопругот, татко ми,  имаше изречено,а никој не не заштити.  Знаеме се што се случи и за колку пари пресудата е купена. И сега треба да кажам дека пресудата е правилна. Ништо не може да  го врати дедо ми -  рече Соња Арсовска.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »